Skip to main content
Хроника

Жена и две деца повредени откако „пежо“ излетало од патот и се превртело

05/10/2026  15:04

На 04.10.2026 околу 15:50 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Липково, во атар на с.Никуштак, Општина Липково, патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 33-годишната В.А. од с.Никуштак, излетало од коловозот и се превртело.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле нејзините две малолетни сопатнички, додека со телесни повреди В.А., констатирани во Општа болница Куманово.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.