Skip to main content
Хроника

Жена добила тешки повреди додека работела како хигиеничарка во институција на подрачјето на Центар

27/08/2025  19:24

Вчера во 14:10 часот во СВР Скопје, 56-годишната В.П. од село Јурумлери, скопско, пријавила дека околу 07:30 часот во објект на државна институција на подрачјето на Центар, додека извршувала работни задачи како хигиеничарка, се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.