Skip to main content
Свет

Жан-Паскал Хом е избран за лидер на младинската организација на АфД „Генерација Германија“

29/11/2025  21:46

Жан-Паскал Хом (28) од Бранденбург е избран за лидер на новата младинска организација на Алтернатива за Германија (АфД) „Генерација Германија“ со 633 од 725 гласови. Јан Рихард Бер стана негов заменик.

Хом е член на АфД од 2014 година и изјави дека сака соработка со сите фракции во партијата и нема да дозволи организацијата да се користи во борби за власт. Тој истакна дека ќе се спротивставува на сите тенденции на раздор, без разлика дали се одвнатре или надвор.