Skip to main content
Македонија

Земјотрес вечерва северозападно од Скопје, почувствуван во Тетово и околината

09/02/2026  00:02

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 23 часот и 9 минути регистрира земјотрес со епицентар на територијата на Република Косово, на околу 46 километри северозападно од Скопје.

Според првичните податоци, земјотресот бил со локална магнитуда од ML3.0 степени според Рихтеровата скала.

Според информациите со кои располага опсерваторијата, потресот бил почувствуван во Тетово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Засега нема информации за причинета материјална штета.