Skip to main content
Свет

Земјотрес со јачина од 6,7 степени го потресе индонезискиот остров Сулавеси

16/06/2026  08:19

Земјотрес со интензитет од 6,7 степени според Рихтеровата скала денеска го потресе индонезискиот остров Сулавеси, соопшти Националната метеоролошка и геофизичка служба на Индонезија.

Според податоците на државната Агенција за метеорологија, климатологија и геофизика, епицентарот на потресот бил лоциран на околу 42 километри југоисточно од градот Палу, на длабочина од десет километри.

Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета, а надлежните власти соопштија дека нема опасност од цунами.

Последниот посилен земјотрес на островот Сулавеси беше регистриран во април годинава, со магнитуда од 5,9 степени. Тогаш епицентарот се наоѓаше на 142 километри источно од градот Манадо, кој има околу 451 илјада жители.