Skip to main content
Балкан

Земјотрес со јачина од 3,3 степени регистриран на југот на Грција

08/01/2025  08:47

Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди јужна Грција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотресот е регистриран во 7 часот и 52 минути по локално време, на 96 километри од градот Патра, со епицентар на длабочина од околу девет километри.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени.