
Умерен земјотрес со јачина од 3,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран во недела во 12:24 часот на 30 километри северно од Сплит, соопшти Хрватската сеизмолошка служба, која го процени интензитетот на земјотресот во епицентарот на ниво IV според ЕМС скалата.
Сеизмографите на Сеизмолошката служба го регистрираа земјотресот во 12:24 часот, а според нивните податоци, епицентарот бил 30 километри северно од Сплит.
Интензитетот на земјотресот во епицентарот бил проценет на ниво IV на EMS скалата.
Во 12:37 часот бил регистриран и многу слаб земјотрес со магнитуда од 2,0 степени според Рихтеровата скала, со епицентар 31 километар северно од Сплит. Неговиот интензитет во епицентарот бил проценет на ниво II до III на EMS скалата.


