Skip to main content
Балкан

Земјотрес попладнево ја погоди Албанија

19/04/2025  16:45

Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во 16 часот и 4 минути, на територијата на Албанија.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран на 39 километри од главниот град Тирана.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 5 километри под површината на земјата.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.