Skip to main content
Свет

Земјотрес од 6,7 Рихтер ги погоди Филипини

07/01/2026  09:56

Земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала го погодил источниот дел на Филипини. Се очекуваат појакнати потреси и можни оштетувања.

Филипинската сеизмолошка агенција Phivolcs предупреди на можност за појаки потреси и потенцијални оштетувања, иако засега нема пријави за повредени или сериозни штети.

Властите апелираат до граѓаните да бидат внимателни и подготвени за можни последователни потреси.