Skip to main content
Свет

Зеленски: Средбата со Трамп во Ватикан би можела да биде историска

26/04/2025  15:37

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски средбата во Ватикан со американскиот претседател Доналд Трамп ја оцени како историска, ако се постигне завршување на војната со Русија.

– Добар состанок. Еден на еден, успеавме многу да разговараме. Се надеваме на резултати од разговорот. Заштита на животите на нашиот народ. Целосен и безусловен прекин на огнот. Сигурен и траен мир што ќе спречи избувнување на нова војна, напиша Зеленски на Телеграм.

Тој додаде дека тоа бил „многу симболичен состанок кој има потенцијал да стане историски, ако постигнеме заеднички резултати“.

Зеленски и Трамп имаа 15-минутна средба во базиликата Свети Петар, пред погребот на папата Франциск. Потоа Зеленски и Трамп, исто така во базиликата Свети Петар во Ватикан имаа средба и со францускиот претседател и британскиот премиер, Емануел Макрон и Кир Стармер