Skip to main content
Свет

Зеленски: Русија лансираше околу 2.200 дронови во Украина за една недела

21/06/2026  11:40

Володимир Зеленски изјави дека Русија минатата недела лансирала околу 2.200 ударни дронови на украинска територија.

„Вкупно, оваа недела Русите лансираа околу 2.200 дронови, повеќе од 1.800 наведувани воздушни бомби и 87 ракети од различни видови во Украина“, рече Зеленски во објава на Телеграм, пренесува Укринформ .

Зеленски додаде дека само во руските напади вчера загинале пет лица, а 26 биле повредени во Запорожје, додека во Полтава загинале две лица, а 12 биле повредени, меѓу кои шест деца.

Тој додаде дека цел на руските напади биле и Днепропетровск, Харков, Одеса, Сумски, Донецк, Кировоград и Ривне, и дека украинските заедници на фронтовските линии и во близина на границата со Русија се постојано под напади со беспилотни летала.