
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски пристигна во Белата куќа на средба со американскиот претседател Доналд Трамп.
По средбата е планирана заедничка прес-конференција.
Предвидено е Трамп и Зеленски да потпишат договор за експлоатација на украинските минерални ресурси, според кој приходите од минералите ќе бидат депонирани во заеднички американско-украински фонд. Зеленски за возврат бара американски безбедносни гаранции, кои Трамп досега не ги обезбедува