Skip to main content
Балкан

Тахири: Евентуалните промени на границите на Балканот би довеле до обединување на Албанците

28/02/2025  17:55

Поранешната шефица на преговарачкиот тим на Косово во дијалогот со Србија, Едита Тахири, оцени дека евентуалните промени на границите на Балканот би биле „добри за Албанците“, бидејќи, како што рече, „ќе ја обедини (таа) трагично поделената нација“. Тахири на Фејсбук напиша дека „почнале шпекулациите за мировните преговори предводени од Трамп“.