
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека доколку Русија ги отфрли предлозите дадени за време на состанокот на украинската и американската делегација во Џеда, Киев смета на силни чекори на САД за притисок врз Русија.
„Колку што разбрав, можеме да сметаме на силни чекори од САД кон руската страна. Се уште не ги знам деталите, но зборуваме за санкции и зајакнување на Украина“, рече Зеленски.
Тој истакна дека во преговорите во Џеда, украинската и американската делегација разговарале за сите важни теми и дека разговорот бил многу конструктивен