Skip to main content
Хроника

Завршила во болница: Работничка повредена во велешка фабрика

28/03/2025  12:53

Во СВР Велес синоќа во 23:20 часот било пријавено дека во Општа болница Велес со тешки телесни повреди била донесена 49-годишната Ј.А. од Велес.

– Според пријавеното, жената се здобила со повредите при извршување работни задачи во фабрика во Велес, информира денеска портпаролот на СВР Велес Биљана Ѓаковска, која појасни дека бил известен трудов инспектор.