
По убедливиот пораз утрово од Белгија (1-4) домаќинот на Мундијалот САД го заврши настапот во осмина финалето. Со квалитетна игра селекцијата на Белгија оствари сигурна победа, пред сè казнувајќи ги грешките на домашната репрезентација.
Белгија поведе со голот на Шарл Де Кетелере во 9.минута. Американците изедначија во 31.минута преку Малик Тилман, но осум минути подоцна Де Кетелере повторно и донесе водство на Белгија од 2:1. Во 57.минута Ханс Ванакен зголеми на 3:1, а победата ја потврди Ромелу Лукаку во 90+3 минута.
Белгија во четвртфиналето ќе игра против Шпанија, која претходно ја совлада Португалија со 1:0. Натпреварот ќе се игра на 10.јули во Лос Анџелес.
Денеска се играат последните два осминафинални натпревара: Аргентина – Египет (18 часот) и Швајцарија – Колумбија (22 часот).


