Skip to main content
Свет

Заврши драмата во Белгија: Нема бомба во авионот на “Рајанер”

13/05/2025  15:24

По неколку часа драма на вториот по големина аеродром во Белгија, Шарлроа, кога на летот на „Рајанер“ од Порто беше вклучена тревога за бомба, беше објавено дека станува збор за лажна дојава.

Компанијата што управува со аеродромот објави дека аеродромот ги продолжил операциите околу 14 часот, откако сите летови биле прекинати кога била вклучена тревога во авион на „Рајанер“.

Според објавените податоци, авионот полетал од Порто, со 170 патници , и извршил итно слетување на аеродромот во Брисел, откако била вклучена тревога за бомба.

Како што претходно изјави компанијата што управува со аеродромот, малку пред 11:00 часот по локално време, „беше активирана закана за бомба“ во авионот што слета на аеродромот Шарлероа во Брисел.