
Затворениците во Казнено-поправната установа Струга започнаа штрајк во знак на протест поради укинувањето на викендите кои им следуваат согласно важечките закони и внатрешни прописи.
Според извори од затворот овие мерки се преземени без јасно образложение и без соодветна правна основа, што предизвика големо незадоволство меѓу осудениците.
Затворениците бараат итно враќање на правото на викенд, кое за нив претставува една од ретките можности да ја одржуваат врската со своите семејства и да зачуваат минимум човечко достоинство за време на издржување на казната.