Skip to main content
Балкан

Затвореници планирале бегство од затвор во Атина

07/04/2025  10:00

Во акција на грчката полиција во атински затвор биле пронајдени пиштол и куршуми и уапсени се 20 лица, а според грчките медиуми, групата затвореници планирале бегство и како заложник да земат затворски службеник, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката полиција утрово соопштија дека истрагата во саботата ја спровела Дирекцијата за борба против организиран криминал во затворот Коридалос во Атина, уапсени се 20 затвореници, а пронајденото оружје е испратено до Одделот за криминалистички истраги за лабораториско испитување.

Грчките медиуми пишуваат дека уапсените се Грци, Албанци и Турци и планирале бегство од затворот, а акцијата на полицијата била по добиени информации.