
На 30.12.2025 година, по преземени оперативно-тактички мерки од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, на улицата „192“ на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, пронајдени и одземени се околу 6.000 различни парчиња пиротехнички средства.
Како што информираат од полицијата, пиротехниката била продавана нелегално, по што веднаш била одземена и обезбедена за понатамошна постапка. За случајот е известен надлежен јавен обвинител, кој ќе постапува согласно законските надлежности.
Против лицата кои ја вршеле недозволената продажба на пиротехничките средства ќе бидат поднесени соодветни пријави, во согласност со важечките законски прописи. Полицијата најавува продолжување на засилените контроли во пресрет на новогодишните празници, со цел спречување на нелегалната трговија со пиротехника и заштита на безбедноста на граѓаните.
