Skip to main content
Хроника

Запален автомобил во Бутел

29/03/2025  15:26

Патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки ноќеска било опожарено на паркинг пред зграда на подрачјето на Бутел. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

Како што информира МВР, случајот ноќеска околу 3:00 часот во СВР Скопје го пријавил сопственикот на возилото, А.И.(50) од Скопје. Тој пријавил дека возилото било опожарено во периодот од 23:00 часот на 28 март 2025 година до пријавувањето во полиција. Увид извршила екипа од СВР Скопје. Полицијата, како што се наведува, презема мерки за расчистување на случајот.