Skip to main content
Македонија

Закани со бомби во неколку основни училишта во Скопје и Куманово

28/10/2025  19:05

Денеска (28.10.2025) околу 18:00 часот во СВР Скопје и СВР Куманово било пријавено дека на е-поштенските адреси на неколку основни училишта пристигнале пораки со закана за поставени експлозивни направи.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, веднаш по пријавите се постапува по протокол, а во тек се проверки од страна на полициските службеници.

Екипи на полицијата се на терен и ги прегледуваат училиштата со цел да се утврди веродостојноста на заканите и да се обезбеди безбедноста на учениците и наставниот кадар.