
Претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова се огласи на социјалните мрежи по повод 3 Мај – Светскиот ден на слободата на медиумите.
„Одлично напредуваме – паднавме на 45-то место и конечно влеговме во „проблематична“ категорија, што само потврдува дека кога вистината е под контрола, демократијата ни е баш “стабилна“, а прогресот “гарантиран” стои во објавата на Зајкова.
„Слободни медиуми значи слободно општество, а вистината не треба да има синџири“ стои во објвата на Зајкова на социјалната мрежа Фејсбук.

