
Загинаа најмалку 22 лица во пожар во зграда во Џакарта, соопшти градската полиција.
Шефот на полицијата во Џакарта, Сусатја Пурнома Кондра, изјави дека пожарот во седумкатната зграда во индонезискиот главен град избувнал околу пладне по локално време во понеделник, додека некои работници ручале, објави Ројтерс.
Полицијата информираше дека најверојатно пожарот е резултат на експлозија на батерија на првиот кат од зградата, во која се наоѓа и компанија за беспилотни летала, пред да се прошири на повисоките катови.
Повеќето од загинатите биле жени, од кои една била бремена, и дека веројатно починале од вдишување чад, а не од изгореници.
Дваесет и осум противпожарни возила и околу 100 луѓе биле вклучени во гаснењето на пожарот, а вработените во зградата што била зафатена од пламен биле спасени со помош на воздушни скали.

