Skip to main content
Хроника

Загина 19-годишен моторџија на „Пластичарска“, автомобил му го пресекол патот

30/05/2026  14:19

Моторџија на возраст од 19 години, им подлегна на тешките повреди здобиени во сообраќајната несреќа, што се случи синоќа на „Пластичарска“ улица во Скопје.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во 22:21 часот е пријавено дека на крстосницата од бул. „Никола Карев” и ул. „Прохор Пчински” во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди а4″ со скопски регистарски ознаки управувано од Н.Х.(31) од с. Визбегово, скопско, мотоцикл „бмв” со скопски регистарски ознаки управуван од М.Ф.(19) од Скопје и мотоцикл „хонда хдв” со скопски регистарски ознаки управуван од Н.Б.(21) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Ф. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза” каде подоцна починал.

По наредба на јавен обвинител возачот Н.Х. бил лишен од слобода.

Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.