Skip to main content
Скопје

Заедничка соработка за зајакнување на предучилишното образование во Карпош

22/06/2026  11:54

Претставници од Општина Карпош од Одделението за детска, социјална и здравствена заштита земаа активно учество на  конференцијата насловена – „Ран почеток, трајни придобивки – градинка за секое дете!“, која се одржа на 18 јуни 2026 година во салата на хотелоте Холидеј Ин во Скопје.  

На оваа панел дискусија беа присутни претставници од Министерството за социјална политика, демографија и млади, УНИЦЕФ, асоцијацијата на приватни градинки, приватниот сектор, како и други релевантни чинители и развојни партнери.

Цел на настанот беше да се претстават клучните наоди и модели за системско зајакнување на предучилишното образование преку партнерство и соработка меѓу јавниот и приватниот сектор ,а беше отворен дијалог за мерките за проширување на пристапот преку различни механизми за финансирање и испорака на услуги, земајќи ги во предвид и најранливите категории

Како заклучок од учесниците на настанот беше потенцирано дека проширувањето на пристапот до образование и грижа во раното детство не е само прашање на инфраструктура, туку бара поширока трансформација на системот. Подобрата координација меѓу централната и локалната власт, градинките и работодавачите, заедно со одржливото инвестирање во квалитет, работна сила и инклузија, ќе бидат пресудни за тоа секое дете да добие најдобра шанса на почетокот на својот живот.