
Вчерашниот ден на Светското првенство е најефикасниот досега.
На четири натпревари беа постигнати 19 голови.
Денот го отвори мечот Германија – Курасао кој заврши со резултат 7:1.
Холандија и Јапонија одиграа нерешено со резултат 2:2, а Белгија го совлада Тунис со 5:1.
Во мечот во Е групата Брег на слоновата коска го совлада Еквадор со минимални 1:0.
Денес на програмата се уште четири меча.
Од 18:00 играат Шпанија – Зеленортски острови, од 21:00 е мечот Белгија – Египет.
После полноќ играат Саудиска Арабија и Уругвај и Иран против Нов Зеланд.



