Skip to main content
Македонија

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила поради снег и на патот Битола – Ресен, преку Ѓавато

23/12/2024  15:41

Поради врнежи од снег на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓавато, се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.

Претходно од АМСМ информираа дека е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила и на патните правци Дебар – Маврово, Тетово – Попова – Шапка и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.

Од АМСМ информираат дека од 11:55 часот е воведена забраната за движење на товарни моторни возила на патниот правец Дебар – Маврово.

Од 12:15 часот поради врнежи од снег на патниот правец Тетово – Попова Шапка се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.

Од 12: 15 часот поради врнежи од снег на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.