ЈП Водовод и Канализација информира дека поради промена на вентил и дефект се најавени два прекини во водоснабдувањето во општина Карпош.
– Поради промена на вентил од ф 2“ на ул. Никола Парапунов бр.5 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Никола Парапунов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување на работните активности.
– Поради дефект на приклучна цевка од ф 1“ на ул.Копенхагенска бр.6 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Копенхагенска,Бриселска,ГаврилЛесновски,Стокхолмска,Његошева, Петар Драганов и дел од Софиска. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:00 часот до завршување на работните активности.