
Коментирајќи ја понудата од лидерот на СДСМ Венко Филипе, за лидерска средба, министерот за здравство Арбен Таравари, кој е и дел од коалицијата ВРЕДИ рече дека за него тоа било само губење време.
„Ние сме заинтерсирани да се решат проблемите што ги имаме како институции, неуморно работиме секојдневно и тоа би било само губење време. Сметаме дека постојат институции што функционираат, дека не е моментот и не знам што би правеле на лидерска кога институциите беспрекорно работат и за здравјето на овие луѓе и за третманот, но и за да се најдат виновниците на овој случај, како и на останатите со оглед дека ова е четврти случај за пет години – истакна Таравари, одговорајќи на новинарски прашања.
Инаку вчера, коалицијата ВРЕДИ која е дел од владината коалиција, порача дека Филипче немал никаков кредибилитет да повикува на лидерска средба.
Од СДСМ пак, информираа дека во текот на следната недела Филипче ќе упати и официјални покани за лидерска средба, по неодамнешната трагедија во Кочани кога загинаа 59 лица а стотици беа повредени.