Skip to main content
Хроника

За сума од над 800.000 денари измамил маж од Тетовско при купопродажба на патничко возило

18/11/2026  14:49

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.А.(37) од с.Глумово, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „фалсификување на исправа“.

Во текот на април 2026, пријавениот довел во заблуда и измамил лице од тетовско село при купопродажба на патничко возило „ландровер“ за сума од 830.250 денари, односно како доказ за извршена уплата доставил фалсификуван платен налог.