По извршениот надзор во здравствените институции, Државниот здравствен-санитарен инспекторат соопшти дека не нашол пропусти при лекувањето.
9-годишното дете од Свети Николе, во болницата во Штип е донесено во 18 часот, за помалку од 6 часа почина на Детската клиника во Скопје, стои во извештајот.
ДЗСИ наведува дека му утврдена дијагноза.
Деветгодишното дете Н.А. со матичен доктор било прикрепено во ПЗУ Д-р Оливер, Свети Николе. Во ординацијата годинава прв пат се јавува на 14.01.2025 година заради болки во стомакот и повраќање, кашлање, висока температура (39Ц) и неспиење претходниот ден. При преглед детето било поспано, афебрилно, без убедливи знаци за дехидратација. Направени му се лабораториски испитувања по што дадена му е инфузиона терапија во тек на која кај детето настапува сомнолентност со слаба реакција на говор заради што е упатено во ЈЗУ Клиничка болница Штип.
Во ЈЗУ КБ Штип, детето е донесено со такси возило, примено е попладнето околу 18 часот, прегледано е од дежурниот доктор при што е поставена дијагноза сомноленција.
Сомноленција претставува состојба на квантитативно растроена свест (состојба на длабок сон) која се одликува со изразена поспаност. Се појавува при труење со јаглерод моноксид или таблети, при голем физички напор, при мозочни повреди и болести, при долги периоди на несоница или при голем губиток на крв. Пациентот може да се разбуди лесно со надворешно надразнување, но повторно може веднаш да падне во сон.
Се лекува преку отстранување на причините кои довеле до таа состојба. Во извештајот на ДЗСИ не е наведено дали е утврдено од што настанала сомноленцијата кај 9-годишното дете и дали е третирана првичната дијагноза. Му биле направени повеќе испитувања меѓу кои и скенирање на главата.
Во продолжение соопштението на Инспекторатот:
Деветгодишното дете Н.А. со матичен доктор било прикрепено во ПЗУ Д-р Оливер, Свети Николе. Во ординацијата годинава прв пат се јавува на 14.01.2025 година заради болки во стомакот и повраќање, кашлање, висока температура (39Ц) и неспиење претдходниот ден. При преглед детето било поспано, афебрилно, без убедливи знаци за дехидратација. Направени му се лабораториски испитувања по што дадена му е инфузиона терапија во тек на која кај детето настапува сомнолентност со слаба реакција на говор заради што е упатено во ЈЗУ Клиничка болница Штип.
Во ЈЗУ КБ Штип, детето е донесено со такси возило, примено е попладнето околу 18 часот, прегледано е од дежурниот доктор при што е поставена дијагноза сомноленција. Во ЈЗУ КБ Штип, повторно му се извршени лабораториски испитувања и дополнително КТМ на глава. Заради општата лоша здравствена состојба како и наодите од лабораториските испитувања и КТМ, детето во придружба на медицинска екипа (доктор, сестра) со болничко возило транферирано е во ЈЗУ УК за детски болести.
Во ЈЗУ УК за детски болести, детето Н.А. е донесено на 14.01.2025 година во 20:25 часот како итен случај со дијагноза сомноленција по претходна најава и договор за прием со дежурен доктор од Одделот за неврологија на Клиниката.
На прием детето е во општа тешка состојба поради што веднаш е започната со рехидратација и корекции на биохемиски параметри. Во 22:25 часа има дополнително влошување со респираторен и кардиак аррест, започната е реанимација во тек на која е симнато на ОИНТ за понатамошен третман. Состојбата на детето и понатаму се влошува и покрај сите пропратни интервенции, реанимацијата не е прифатена и во 23.30 часот настапува егзитус.
Од извршените вонредни инспекциски надзори во наведените здравствени установи каде починатото деветгодишно дете било лекувано, Државниот санитарен и здравствен инспекторат согласно своите надлежности не констатираше недостатоци, се наведува во соопштението.
Во ЈЗУ КБ Штип, повторно му се извршени лабораториски испитувања и дополнително КТМ на глава. Заради општата лоша здравствена состојба како и наодите од лабораториските испитувања и КТМ, детето во придружба на медицинска екипа (доктор, сестра) со болничко возило транферирано е во ЈЗУ УК за детски болести.