Skip to main content
Балкан

Вучиќ за инцидентот: Не сум повреден, надлежните ќе откријат што се случи со автомобилот

08/02/2025  18:58

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ се огласи по денешниот инцидент кога пукна гума на автомобилот во кој се наоѓал на пат кон Мокрин и објасни дека е во добра состојба и дека не е потврден.

– По посетата на Меленци отидов во Мокрин пред големото митинг во Кикинда. На пат бев со мојот автомобил. Значи дали пукна гумата, или се случи нешто друго тоа треба да утврдат надлежните и тие ќе го сторат тоа. Пристигнав во Мокрин и влегов во друг автомобил – изјави Вучиќ.

Притоа Вучиќ рече:

– Моите од обезбедувањето се многу дисциплинирани. Тие знаат дека не можам да поднесам употреба на ротација, не можам да поднесам луѓе кои инсистираат на ротација затоа што тоа за мене секогаш е доказ не за нечија моќ туку за нивната суета.