
За време на неговата посета на Заечар, претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва најави предвремени парламентарни избори во земјата.
Вучиќ не кажа конкретен датум но најави дека тие ќе се одржат по завршувањето на подготовките за меѓународната изложба Експо 2027, која Белград ја организира.
– Мора да се подготвиме за Експо. Кога ќе ги завршиме подготовките, ќе распишеме предвремени избори. Се плашам дека направија многу грешки и дека, кога мислев дека има шанси некаде, сега веќе ги нема. Ќе ги победиме убедливо – рече Вучиќ.