Skip to main content
Балкан

Вучиќ ја исклучи промена на Уставот: Размислува за наследник и премиерска функција

09/12/2025  16:14

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја коментираше својата политичка иднина, исклучувајќи ја можноста за менување на Уставот за продолжување на мандатот.

На форумот во Белград, тој рече дека почнал да размислува кој би можел да го наследи, но дека премиерската функција сè уште е опција.

– Можам да бидам премиер, но за тоа ви е потребна јавна поддршка, а јас треба да ја донесам таа одлука… Но, јас сум уморен и исцрпен, и би сакал некој друг да ја заврши таа работа во иднина, изјави Вучиќ. Тој ги советуваше своите соработници да бидат претпазливи и да не го потценуваат противникот, истакнувајќи ја стабилната економска состојба како клучен успех на актуелната власт.