Skip to main content
Балкан

Вучиќ: До 1 декември следната година во Србија ќе летаат автомобили

03/09/2025  17:58

Текст:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека од 1 декември следната година во земјата ќе бидат демонстрирани летачки автомобили.

Изјавата ја даде по серијата средби во Пекинг со државни функционери и претставници на големи компании. Вучиќ информираше дека денес имал интензивна агенда и средби со 11 до 12 светски лидери, меѓу кои и претседателите на Узбекистан, Азербејџан, Словачка и Индонезија.

Тој посочи дека бил сведок на огромниот напредок на кинеската армија на воената парада, а паралелно се одржале и разговори со неколку кинески воени компании. „Работевме на пронаоѓање решенија за нашите граѓани во многу области, особено во примената на вештачката интелигенција во образованието и здравството“, изјави Вучиќ.

Претседателот додаде дека имало дискусии и со компании од областа на енергетиката, поради очекуваните предизвици со снабдувањето со енергија. Посебен акцент стави на разговорите за летачки автомобили, потенцирајќи дека Србија до крајот на следната година ќе демонстрира нивна функционалност.

„Верувам дека до 1 декември ќе покажеме како функционираат летачките автомобили во Србија“, рече Вучиќ.