Skip to main content
Свет

Втор силен земјотрес го погоди јужниот дел на Филипините откако првиот однесе пет животи

10/10/2025  17:34

Нов земјотрес со магнитуда од 6,9 степени го погоди истиот регион на јужниот дел на Филипините како и земјотресот со магнитуда од 7,4 степени утрово, соопштија филипинските сеизмолози.

Шефот на Филипинскиот институт за сеизмологија и вулканологија, Тересито Баколкол, изјави дека земјотресот се случил доцна ноќта во градот Манај во покраината Давао Ориентал и бил предизвикан од сеизмичка активност во истата земјотресна зона, Филипинскиот ров, на длабочина од 10 километри.

Сеизмолозите сè уште не утврдиле дали станува збор за посебен земјотрес или за втор афтершок по претходниот земјотрес во кој загинаа пет лица.