
Пожарот кој вечерва избувна во стара куќа во близина на црквата „Свети Спас“ во Старата чаршија во Скопје сеуште е активен.

На терен моментално интервенираат противпожарни возила.
Причината за пожарот треба дополнително да се утврди.

Според неофицијални информации во опжарената куќа најчесто се собирале бездомни лица.

