Skip to main content
Македонија

Времето денеска: Преку ден топло и сончево, попладне дожд и ветер

10/10/2026  08:58

Според прогнозата на УХМР, денеска преку ден ќе имаме топло и сончево време, додека попладне наместа се очекува пороен и пообилен дожд, проследен со грмежи и засилен ветер.

Дневната температура ќе достигне од 19 до 27 степени, додека утринската ќе биде во распон од 6 до 14 степени. Ветерот ќе биде слаб до умерен, од југоисток.

И во Скопје попладне ќе има повремен дожд. Во одделни делови од скопската котлина се прогнозира нестабилно време со поројни врнежи, грмежи и засилен ветер.