Skip to main content
Македонија

ВРЕДИ: Пратениците нa Европскиот фронт ги дистанцираат Албанците од западните стратешки партнери. 

15/01/2025  14:09

Соопштение на Коалиција ВРЕДИ:

Со ваквите ставови, раководството на ДУИ и Европскиот фронт покажува дека не знае што прави, дека е во целосна конфузија и дека ги става своите лични и партиски интереси пред стратешките интереси на Албанците и на државата. ВЛЕН ја повикува јавноста и членството на ДУИ да размислат дали нивните лидери, кои очигледно продолжуваат да ги конфронтираат Албанците со нашите западни партнери, заслужуваат уште да ја водат партијата и да учествуваат во креирањето на иднината на граѓаните. Време е за јасна дистанца од корумпирани политики и антизападна реторика. Албанците и сите граѓани на Северна Македонија заслужуваат искрени лидери, одговорни политики и силно партнерство со ЕУ, НАТО и целата меѓународна заедница.

ДУИ и ЕФ ги дистанцираат Албанците од западните сојузници. Настапите со кои се изразува сомнеж во меѓународната заедница укажуваат дека ДУИ и Европскиот фронт намерно настојуваат да ги оддалечат Албанците од Западот. Ваквата реторика е крајно штетна и оди спротивно на децениските определби на граѓаните на Северна Македонија, вклучително и мнозинството Албанци, за зачленување и блиско партнерство со ЕУ и НАТО. Обвинувањето на меѓународната заедница за сопствените криминални афери е неосновано.

Неразбирливо е како ДУИ и ЕФ упорно го вперуваат прстот кон амбасадорите и странските институции, наместо да се соочат со сомнежите и фактите за своите корупциски скандали. Ваквиот обид за префрлање на вината е само уште еден доказ дека раководството на ДУИ е во длабока забуна и дека нема капацитет да ги решава вистинските проблеми. Личната одговорност на Артан Груби сакаат да ја релативизираат. Обидите да се прикаже дека Артан Груби не е виновен за сопствените постапки, туку дека „криви” се амбасадорите, е врв на манипулација. Ова е класичен пример на избегнување на одговорност, со што се потценува и јавноста и членството на ДУИ. Тврдењето дека „Артан настрадал затоа што ги слушал” е врв на самобендисаноста на ДУИ и ЕФ.

Оваа теза на ДУИ и ЕФ, според која одговорноста им припаѓа на другите (амбасадори, меѓународни претставници итн.), наместо на самите функционери, е уште еден очаен обид за алиби. ДУИ и ЕФ продолжуваат да даваат нелогични и контрадикторни изјави за да ги залажат сопствените членови и целата јавност.