Државниот врв, политички партии, амбасадори, здруженија на граѓани денеска положија цвеќе на гробот на Гоце Делечев по повод 153 години од неговото раѓање.
На одбележувањето не беше присутна делегација на коалицијата ВРЕДИ која е дел од власта.
Во писмена изјава оттаму за 24инфо.мк од Коалицијата ги објаснија причините за нивното отсуство.
„Имаме целосно почитување за ликот и делото на Гоце Делчев и свесни сме за неговото значење за македонската историја. Со оглед на фактот дека како коалиција ниту претходно не сме го одбележувале неговиот роденден, остануваме доследни на ставот дека ниту еден револуционер од овие простори не смее да биде цел на дневно политичките калкулации. Искрено се надеваме дека македонската јавност ќе ја уважи нашата принципиелна позиција“ соопштија од ВРЕДИ за 24инфо од по поставено прашање зошто не положиле цвеќе на гробот на Гоце Делчев.