Skip to main content
Хроника

Вработен во затворот во Штип побарал од затвореник да го предаде телефонот, но бил удрен од него со стаклена чаша

20/03/2025  14:32

Вчера во 09.32 часот во СВР Штип било пријавено дека во КПУ Затвор-Штип било нападнато службено лице, кое што потоа дошло во просториите на СВР-Штип и пријавило кривично дело по чл.144 ст.4 од КЗ на РСМ.

Според пријавеното, истиот ден околу 09.00 часот, додека пријавителот бил на своето работно место во КПУ Затвор-Штип заедно со други затворски полицајци, откако на осуденик му издал наредба да го предаде мобилниот телефон, бил вербално нападнат од истиот со закани по неговиот живот и животот на неговото семејство, по што со стаклена чаша осуденикот го удрил пријавителот во пределот на главата нанесувајќи му телесна повреда-посекотина.

За настанот е запознат Јавен обвинител од ОЈО-Штип и се работи на расчистување на случајот.