Skip to main content
Македонија

Возило заглави во подвозник во Тетово, поради надојдена вода од пороен дожд (ФОТО)

26/10/2025  17:32

“Преку бројот за итни повици Е-112 е добиена пријава дека во населбата Дарданија (Општина Тетово), во близина на подвозникот кај полигонот, се насобрала поголема количина вода.

На местото на настанот веднаш излегле екипи на СВР Тетово и ТППЕ Тетово, кои интервенирале со две противпожарни возила и четворица пожарникари за санирање на состојбата.

Во населбата Дарданија постојат две алтернативни улици, кои граѓаните можат да ги користат за непречено извршување на своите секојдневни обврски додека трае расчистувањето и нормализирањето на состојбата.

Апелираме до граѓаните за претпазливост и почитување на упатствата од надлежните служби”, велат од ЦУК.