
На 17.08.2026 во 17:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на бул.„Видое Смилевски Бато” во Тетово, патничко возило „опел корса” со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.С.(20) од с.Слатино, тетовско, излетало од коловозот и удрило во И.Љ.(67) од Тетово, кој извршувал работни задачи во плац на правен субјект од Тетово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.Љ., додека со телесни повреди се здобиле возачот и неговиот сопатник Е.И.(19) од с.Слатино, констатирани во болницата во Тетово.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.

