Skip to main content
Скопје

Возило излета во реката Треска во близина на Матка

29/12/2025  15:57

Центарот за управување со кризи информира дека патничко возило излетало во реката Треска, во близина на езерото Матка. Во првичната фаза немаше информации за евентуални жртви. По добиената информација, преку Секторот за операции и координација беше известено одговорно лице од ХЕЦ „Матка“ за намалување на испустот на водата, со цел да се овозможи безбеден увид од страна на полициските екипи.

Од СВР при МВР информираат дека возилото е извлечено од реката и дека е извршен увид на лице место. Според досегашните информации, нема повредени лица, а сите инволвирани се здрави, контактибилни и надвор од животна опасност.