
На 25.03.2026 година во 05:20 часот, на булеварот „Туристичка” во Охрид, лишен од слобода е Д.Ц.(21) од селото Слатино, општина Дебрца. Тој, управувајќи патничко моторно возило „Мерцедес” со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонска жардињера.
При извршено алкотестирање, полициските службеници, кај него констатирале 1,99 промили алкохол во крвта по што веднаш е исклучен од сообраќај, одземени му се возачките документи а по насоки на јавен обвинител, одземено му е моторното возило. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик „Безобѕирно управување моторно возило”.



