Skip to main content
Хроника

Возел пијан низ Дебар, полицијата му спрема кривична пријава

06/05/2025  11:57

На 05.05.2025 во 17.35 часот на улица „Елена Ѓика” во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар го лишиле од слобода С.М.(51) од дебарското село Могорче.

При сообраќајна контрола полициските службеници сопреле патнички автомобил „форд” со дебарски регистарски ознаким кое го управувал и од преземени мерки и извршено алкотестирање било констатирано дека возилото го управува со 2,41 промили алкохол во крвта.

Тој бил исклучен од сообраќај, одземени му се возачките документи и поднесен му е соодветен платен налог. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.