Skip to main content
Хроника

Возач од Беровско возел со 4,35 промили алкохол во крвта

21/07/2026  11:26

На 20.07.2026 во 15:05 часот во Делчево, полициски службеницо од ОВР Делчево го лишија од слобода А.Т.(26) од с.Митрашинци, беровско.

При сообраќајна контрола на бул.„Македонија“ во Делчево, полициските службеници сопреле патничко возило „ровер“ со беровски регистарски ознаки, при што било констатирано дека А.Т. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 4,35 промили алкохол во крвта. 


Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.