
Од крајот на октомври, откако Црна Гора привремено воведе визи за турските граѓани по инцидент во Подгорица, речиси 9.000 Турци ја напуштиле земјата, а 31 турска компанија се затворила во ноември.
Инцидентот предизвика и протести, при што беа запалени неколку продавници во сопственост на Турци. Министерот за надворешни работи Ервин Ибрахимовиќ изјави дека се очекува турските државјани наскоро повторно да бидат ослободени од визи, а безбедносните служби на двете земји ја интензивирале соработката.
-Верувам дека брзо ќе ги ослободиме визите за турските граѓани, рече Ибрахимовиќ.
