Skip to main content
Македонија

Вонреден инспекциски надзор на Клиниката за гинекологија по случајот со починато бебе

16/12/2025  21:28

Министерот за здравство наложи вонреден инспекциски надзор на Државната клиника за гинекологија, со цел да се утврди дали во случајот со починатото бебе имало лекарска грешка.

Одлуката следува по медиумски наводи објавени од „Слободен печат“, според кои, врз основа на интерни документи од болницата, началничката на Одделот за интензивна нега пријавила педијатарка од истиот оддел, наведувајќи дека несоодветното лекување довело до компликации од кои бебето починало.

Од Клиниката за гинекологија соопштија дека се преземени сите неопходни мерки и постапки за спроведување објективна истрага и најавија дека ќе бидат преземени соодветни мерки доколку се утврдат евентуални пропусти.

Во меѓувреме, Основното јавно обвинителство во Скопје информираше дека е оформен предмет и дека ќе постапува по случајот.